
Џејдон Санчо, фудбалерот кој летово дојде во Манчестер Јунајтед за 85 милиони евра од Борусија Дортмунд, ги разочара навивачите со своите игри во првите седум натпревари во новиот клуб.
Санчо собра 200 минути на пет натпревари во Премиер – лигата и имаше само два удари кон противничкиот гол. Во Лигата на шампионите, тој одигра 37 минути во поразот од Јанг Бојс, а го мина целиот натпревар на теренот во Лига купот во елиминацијата од Вест Хем, Во тие седум натпревари, тој остана без гол и асистенција, а во Јунајтед пристигна како фудбалер кој постигна 50 гола и 64 асистенции на 137 настапи за Борусија Дортмунд.
„Тој е се уште млад и се уште учи“, изјави легендарниот Пол Инс за 21-годишниот крилен напаѓач. „Сепак, тој мора да научи дека ова не е видео-играта на ФИФА. Не се работи само за дриблинзи и додавања против два или три противници. Да, прекрасно е да се гледаат тие негови дриблинзи и потези, но прво треба да почне да игра вистински фудбал. Понекогаш е полесно во стилот на Рајан Гигс да се одигра двојно додавање, да се истрча и да се најде во идеална позиција за постигнување гол.”

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мусијала успешно опериран по тешката повреда

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика
