
Францускиот претставник Пари Сен Жермен и оваа сезона нема да ја исполни својата цел – да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Тимот на Маурисио Покетино е елиминиран од Реал Мадрид по поразотод 3-1 на „Сантијаго Бернабеу“. Им пресуди Карим Бензема кој постигна хет-трик во второто полувреме, откако Килијан Мбапе обезбеди предност за ПСЖ пред одморот.
Тренерот на ПСЖ смета дека најголемата грешка на натпреварот ја направил ВАР-системот.
„Грешевме, посебно во второто полувреме, но најголемата грешка на натпреварот ја направи ВАР. Имаше така очигледен фаул од Бензема над Донарума, а по ова Реал Мадрид успеа да израмни. Дотогаш имаме комплетна контрола на играта. Но, еден момент, една таква грешка со која сме оштетени менува се“, изјави Покетино.
Спортскиот директор Леонардо истакна дека клубот нема да прави промени на тренерската позиција до крајот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski