Connect with us

Покетино добива отказ од ПСЖ

Готово е. Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино наскоро ќе добие отказ во Пари Сен Жермен. Сопствениците на ПСЖ на чело со Насер Ал Келаифи ја донесоа конечната одлука која треба да биде официјализирана по следниот состанок со тренерот.


Аргентинскиот стручњак ја заврши својата приказна во Париз и се чека само доаѓањето на Ал Келаифи и неговата објава дека соработката се прекинува.


Заедно со Покетино од „градот на светлината“ ќе си замине и спортскиот директор Леонардо, а на негово место во клубот ќе дојде Луис Кампос, поранешниот директор на Монако.


Аргентинецот Покетино дојде во Париз на почетокот на 2021 година и ги освои сите трофеи, првенство, Куп и Суперкуп на Франција, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите, поради што беше донесен клубот.


ПСЖ оваа сезона испадна во осминафиналето од Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови