
Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, со нетрпение ја чека можноста да го преземе Реал Мадрид, но тоа ќе зависи од резултатите на „кралскиот клуб“ до крајот на сезоната. Аргентинецот во голема мера ќе го обликува епилогот, со оглед дека ПСЖ е ривал на шпанскиот гигант во осминафиналето од ЛШ.
Покетино е голема желба на Манчестер Јунајтед и тоа не е тајна со месеци. Неговите шанси се зголемуваат ако се знае дека Ралф Рангник е привремено решение, но неговото срце чука за Мадрид, откриваат француските медиуми.
Карло Анчелоти може да биде сменет на крајот на сезоната доколку не го елиминира ПСЖ во Лигата на шампионите, а францускиот тим има предност од 1-0.
Покетино го отфрли Реал во летото 2018 година, кога за првпат си замина Зинедин Зидан, што се покажа како добар потег бидејќи тој веќе играше во финалето на Лигата на шампионите со Тотенхем во јуни 2019 година.
Аргентинецот сигурно ќе ја „истурка“ сезоната на „Паркот на принцовите“, но тоа е максимумот што може да го направи во Париз, со оглед дека Зинедин Зидан речиси сигурно ќе го наследи од лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski