
Синиша Михајловиќ, легендата на српскиот, италијанскиот и европскиот фудбал, денеска е погребан во Рим. Иладници луѓе дојдоа во базиликата „Света Марија Ангела и маченици“ меѓу кои и Роберто Манчини, Даниел де Роси, Клаудио Лотито, Бруно Конти, комплетниот тим на Лацио, Дејан Станковиќ со семејството, Драган Стојковиќ Пикси, претставници на Црвена Звезда и на Партизан, министерот за млади и спорт на Србија, Милан Гајиќ и многу, многу други видни личности од Италија, Србија и од целиот свет.
Познатиот српски тренер и фудбалер почина во петокот на 54-годишна возраст по долго и тешко боледување од леукемија.
Ковчегот беше изесен од базиликата со аплауз на насобраните навивачи, а потоа одведен на вечното почивалиште, на гробиштата во Рим.






-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
