
Француската фудбалска легенда Мишел Платини излезе со револуционерен предлог. Според поранешниот француски ас, промена во бројот на играчите би го направила фудбалот повозбудлив и поинтересен.
„Ако извадиме еден фудбалер и играме со десет играчи, тоа ќе ослободи повеќе простор на теренот. Во минатиот век играчите трчаа помалку отколку денес, не беа толку силни и се движеа побавно. Така што вреди да се размисли за намалување на бројот на играчи.
Луѓето од мојата генерација веќе не гледаат фудбал затоа што не препознаваат ништо познато. Денес се игра со посед и многу додавања. Не критикувам, само го забележувам тоа“, изјави поранешниот претседател на УЕФА во интервју за „РМЦ“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal