Со победата во големото италијанско дерби против Интер (3-2), Јувентус остана во игра за пласман во Лигата на шампионите и во моментов со 75 бода е на четвртото место на табелата. Но, тоа би можело да се промени по денешниот натпревар на Наполи против Фиорентина.
Покрај петте гола, натпреварот донесе и невообичаен настан. Кристијано Роналдо кој беше заменет во 70. минута не негодуваше како обично. Мирно се поздрави со Алваро Мората кој беше неговата замена и излезе од теренот.
„Мислам дека ова беше првпат да е среќен што е заменет. Имавме играч помалку, а тој бркаше сенки. Беше задоволен и насмеан и во соблекувалната“, изјави тренерот на Јувентус, Андреа Прило.
Пиrло е под огромен притисок и многумина веруваат дека неговата прва тренерска сезона ќе биде последна, барем на клупата на Јувентус.
„Не сум размислувал за иднината, фокусиран бев само на овој натпревар. за иднината ќе зборуваме подоцна“, одговори тој мистериозно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













