Connect with us

Пикси му одбруси на Немања Видиќ: Ме напаѓа човек кој не работи ништо, сигурно го изманипулирале!

Легендарниот српски фудбалер Немања Видиќ даде интервју за „Нин“ кое предизвика бура во јавноста. Меѓудругото, Видиќ ги откри приходите на селекторот Драган Стојковиќ, кој во интервју за „Журнал“ жестоко одговори на прозивките на поранешниот капитен на репрезентацијата и на Манчестер Јунајтед.


„Не може да ме повреди некој како него што не прави ништо. Тоа што го кажа е многу грдо. Покажа непочитување кон мене. Јас како селектор не можев да му помогнам, ниту да го обесхрабрам во желбата да стане претседател на ФСС. Тоа не се обвинувања, туку коментари кои не му прилегаат. Тој е големо фудбалско име, го почитував и секогаш добро зборував за него. Се гордеевме со неговите игри. Ме чуди пред сѐ неговото основно незнаење, споменува бројки, некои 16 милиони, мора прво да е добро информниран. Треба некој да му објасни и поедностави што се биланси, завршни сметки и слично. Место за такво прашање е седницата на Собранието, на која тој е член“, изјави Драган Стојковиќ Пикси.

Потоа откри дека Видиќ никогаш не се појавувал на состаноците на највисокото тело на ФС на Србија.

„Никогаш не бил, ниту ќе дојде. Не сите имаме среќа да работиме и да играме во Англија. Некој мора да работи на други места. Грдо е што моето име се споменува во тој контекст. Тој може да ме критикува, дека не му се допаѓам како играме, кои играчи ги повикувам, си постигна автогол и со тајмингот, можеше да каже пред или после, а не ден-два пред ждрепката, во Филхармонијата во Хамбург каде гордо ја претставувавме Србија која се пласира на Европско првенство“, истакнува Стојковиќ.

На крајот, тој се осврна на шпекулациите за неговите примања, кои не ги откри.

„Ако Видиќ излезе со информација во која се споменува селекторот и стручниот штаб, тогаш мора да застане зад тоа. Тоа е класична измама и замајување на јавноста. На таа возраст и со такви амбиции не смее да си дозволи такво нешто. На крајот, да не заработев 16, туку и 116 милиони евра, во што е проблемот? Чии се тие пари, кој ги внесе тие пари во федерацијата? Не се државни пари. Можам точно да ви кажам колку заработивме, но зошто? Даночните власти точно знаат колку сме им платиле. Не знам дали е изманипулиран Немања, дали има група што го натерала да каже такво нешто“, заклучи Драган Стојковиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови