
Голманот на Англија, Џордан Пикфорд, се потпре на претходно собрани информации за тоа кој играч на Швајцарија каде ќе шутира при изведувањето на пенали. Таква пракса имаат речиси сите голмани веќе со години.
Англија ја победи Швајцарија по изведување на пенали во четвртфиналниот натпревар од Европското првенство. Чуварот на мрежата на Евертон спаси еден од четирите удари кон него, што се покажа како доволно, бидејќи неговите соиграчи беа непогрешливи при петте удари од белата точка.

Фотографите на стадионот во Диселдорф го фотографираа шишето со вода на Пикфорд. Се гледа дека на него се испишани имињата на швајцарските играчи и што треба да направи голманот против одреден играч – дали да се фрли на лево, на десно или да остане во средината на голот.
За Аканџи било забележано дека Пикфорд треба да се фрли на левата страна, што тој и го направи, спасувајќи го ударот на шампионот на Манчестер Сити.
Голманот на Англија стриктно ги следеше инструкциите и при двајца од останатите тројца изведувачи на противникот, Амдуни и Шаќири, исто така избирајќи да тргне на левата страна, но не успеа да одбрани.
Само при пеналот на Фабиен Шер, Пикфорд не го следеше планот од „помошната белешка“. Сепак, на крајот беше херој на Англичаните за пласман во полуфиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski