
Пет клуба сигурно ќе имаат светски шампион. Атлетико Мадрид е тимот кој може да се пофали со најмногу финалисти – четири. Тоа се Аргентинците Науел Молина, Родриго де Пол и Анхел Кореа, додека во составот на Франција е Антоан Гризман.
Следен клуб е Јувентус, кој може да се пофали со тројца финалисти – „гаучосите“ Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, како и Адриен Рабио од „триколорите“.
Преостанатите три клуба имаат по двајца играчи во финалето на Мундијалот. ПСЖ за финале ги дава двете суперѕвезди – Лионел Меси од Аргентина и Килијан Мбапе од Франција.
Дефанзивците на Манчестер Јунајтед – Французинот Рафаел Варан и Аргентинецот Лисандро Мартинез, овојпат нема да бидат партнери, туку ќе бидат противници.
Голманот на Тотенхем и Франција, Хуго Лорис, има шанса да стане првиот капитен кој двапати го подигнал трофејот, а против него ќе биде неговиот соиграч Кристијан Ромеро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

Евро-фудбал
Клоп на клупата на Рома – е лажна вест!

Млади репрезентации
Селекторот Горан Станиќ го објави списокот за мечевите со Косово

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
