Connect with us

Пепе: Роналдо е среќен во Јувентус, ќе остане уште долго

Кристијано Роналдо и Пепе се дел од репрезентацијата на Португалија, а беа соиграчи и во Реал Мадрид, но оваа година дефанзивецот и Порто ги елиминираа Роналдо и Јуве од Лигата на шампионите. Сепак, без разлика на ова, капитенот на Порто верува дека Кристијано е среќен во Торино и се надева дека тој ќе остане член на “старата дама” уште многу години.

„Мислам дека е среќен во Торино, тој е водечки стрелец во Серија А. Оние кои го критикуваат не знаат колку е тешко да се постигнуваат повеќе од 30 погодоци секоја година.

„Она што Кристијано може да го направи е неверојатно. Се надевам дека тој ќе остане таму уште многу години, радувајќи ги љубителите на фудбалот и одлично претставувајќи ја Португалија, она што го правел отсекогаш”, рече 38-годишниот ветеран.

Роналдо стигна до бројката од 25 погодоци во италијанската лига оваа сезона, а се ближи и до јубилејниот 100. натпревар во дресот на “бјанконерите” во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови