Фудбалерите на Кристал Палас синоќа извлекоа бод против Манчестер Сити играјќи на својот стадион без голови против актуелниот шампион, со што менаџерот на овој клуб Патрик Виеира стана прв чиј тим не прими гол против „граѓаните“ оваа сезона.
Бранителот на титулата во Премиер – лигата минатата есен беше поразен на својот „Итихад“ со 2-0 од тимот од предградието на Лондон, а синоќа оствари неубедливо реми кое му овозможи на Ливерпул да му се доближи со евентуален триумф над Арсенал утревечер.
Сити неодамна загуби од Тотенхем, но за разлика од Антонио Конте, Виеира може да се пофали дека е единствениот што не примил гол од шампионот.
Поранешниот француски репрезентативец по натпреварот истакна дека ремито против Сити е резултат на тимска работа, додека Пеп Гвардиола вината за ремито ја префрли на високата трева на „Селхурст парк“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













