Македонија ЃП, Струга Трим Лум и Силекс се полуфиналисти во Купот на Македонија откако по изведување пенали беа подобри од фаворитите, Шкупи, Шкендија и Брегалница. Четвртиот патник во полуфиналето ќе биде познат откако ќе се одигра одложениот меч меѓу Пелистер и Вардар, поради снежните врнежи во Битола.
Патниците во полуфиналето на Купот на Македонија се решаваа по изведување пенали.
Македонија ЃП и Шкупи ремизираа без голови по 90 минути, а „лавовите“ беа многу посигурни изведувачи на пеналите и славеа со 4-1. Радески и Алварез не успеаја да погодат од белата точка за Шкупи.
Струга Трим Лум ја елиминира Шкендија во Тетово. По изведување пенали победија со 3-4, откако исто така немаше голови во регуларниот тек.
Силекс ја елиминира Брегалница, по изведување пенали со 5-4, откако мечот заврши 1-1. Ѓокиќ погоди за штипјани, а израмни Каланоски. Херој на пеналите беше голманот Даниел Божиновски. Тој го одбрани петтиот пенал на Марјан Алтипармаковски кој беше решавачки. Претходно, не успеаја да реализираат и Стојчевски за Силекс и Азиновиќ за Брегалница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal