Македонскиот второлигаш Пелистер реагираше на судењето на главниот судија Александар Грујоски при поразот од Гостивар (1-3). Битолчани ја прашаа ФФМ дали веќе е скроена табелата за оваа сезона?
„ФК Пелистер оштро реагира на денешното судење од страна судиската тројка, на чело со главниот судија Александар Грујоски од Kичево. ФК Пелистер сериозно ја прашува Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и судиската организација дали пред време го креира изгледот на табелата и ако е така јавно да се изјасни затоа што ФК Пелистер е општински клуб, кој егзистира со пари од граѓаните.
ФК Пелистер му ја честита победата на ФК Гостивар, но исто така сакаме да истакнеме дека главниот судија при резултат 1-0 за Пелистер досуди срамен пенал за гостите, со што дириктно влијаеше на понатамошниот тек на натпреварот.
Ви го доставуваме и видеото од пеналот кој што го виде само главниот судија“, објави Пелистер на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













