Connect with us

Патрик Шик во Баер Леверкузен до 2030 година

Патрик Шик го продолжи својот престој во Баер Леверкузен, откако потпиша нов договор со важност до летото 2030 година, соопшти актуелниот шампион на Германија.

Чешкиот напаѓач пристигна во редовите на „фармацевтите“ во 2020 година и првичниот договор му траеше до крајот на сезоната 2026/27, но сега се обврза на уште подолг ангажман.

Во сезоната 2023/24, Шик се истакна со 21 погодок на 31 натпревар, што го постави на второто место на листата на стрелци во Бундес-лигата.

Претходно во својата кариера, тој играше за Спарта Прага, Бохемијанс, Сампдорија, Рома и Лајпциг, пред да стане дел од Баер Леверкузен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови