Аргентинскиот фудбалер Хавиер Пасторе пристигна во Рома пред три години како спектакуларно засилување од ПСЖ. Претходно, Пасторе помина седум сезони во дресот на ПСЖ, а Рома му плати 25 милиони евра. Сепак, се покажа дека ова не е баш најдобриот потег на римскиот клуб.
Аргентинецот ги пропушти повеќето натпревари поради повреди, а веќе долго време не е во конкуренција за натпреварите на „волчицата“. Сега и дефинитивно го раскина договорот со Пасторе. 32-годишниот играч за врска се надеваше дека тоа ќе се промени со доаѓањето на Жозе Мурињо, но тоа не се случи.
„Немав состаноци со Мурињо, тие сакаат да ме продадат. Ниту ме запознаа ниту ми дозволија да тренирам на начин да му покажам на тренерот дали може да смета на мене или не “, се пожали Пасторе.
„Тренирам одделно со група од дваесетина играчи кои Рома сака да ги продаде или позајми. Го чекаме крајот на преодниот рок за да видиме дали ќе се случи нешто конкретно.“
Пасторе имаше договор уште една година, но сега како слободен играч ќе може да бара нов клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













