Connect with us

Партизан после пенали трагично елиминиран од АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Фудбалерите на Партизан на болен начин го завршија своето европско патешествие. На домашен терен, пред својата публика во Белград, беа елиминирани од кипарскиот АЕК Ларнака, по вистинска драма која траеше речиси три часа – и заврши со пенал-рулет.

По поразот од 1-0 на Кипар, „црно-белите“ возвратија со идентичен резултат во регуларните 90 минути од реваншот. Натпреварот влезе во продолженија, каде двата тима постигнаа по еден гол – прво АЕК израмни преку Переа Понс во 104. минута, а потоа во 118. минута, Вукашин Јовановиќ ја разбуди надежта со гол кој ги однесе двете екипи во пенал-серија.

Драмата не заврши тука. Во првите пет пенали и двете екипи промашија по два удари, а во осмата серија трагичар стана Богдан Костиќ, чиј промашен пенал стави крај на сонот на Партизан.

По последниот свиреж, сцените на теренот беа потресни – младите фудбалери на Партизан, со солзи во очите, отидоа пред верните навивачи. Но, наместо прекор, добија аплауз. Поддршка за борбата, храброста и желбата кои ги покажаа.

Тренерот Срѓан Благојевиќ настапи со исклучително млад состав, со просек од само 22,6 години. Четворица тинејџери беа стартери, и токму тоа ги освои симпатиите на публиката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови