
Францускиот шампион Пари Сен Жермен покажува интерес за 25-годишниот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен, кој е на позајмица од Галатасарај до крајот на оваа сезона, пренесува „RMC Sport“.
Според информациите, нигерискиот фудбалер би можел да биде доведен како замена за напаѓачот Рандал Коло Муани, кој е блиску до заминување од парискиот клуб. Се истакнува дека трансферната сума за Осимен ќе биде значително пониска во јануари отколку во текот на минатото лето, бидејќи договорот на играчот со Наполи истекува на крајот од сезоната.
Оваа сезона, Виктор Осимен одигра 12 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет голови и пет асистенции.
Неговиот тековен договор со италијанскиот клуб трае до летото 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
