
Капитенот на фудбалскиот национален тим, Горан Пандев, побара од фановите да не бидат негативни, туку да им дадат вистинска поддршка на фудбалерите на утрешниот квалификациски меч против Словенија, на арената „Тодор Проески“. Тој вели дека фудбалерите со нетрпение го очекуваат мечот против Словенците и посакуваат триумф.
„Желно го очекуваме овој натпревар. Слушам дека Словенците атакуваат на второто место во групата, не гледам зошто и ние да не атакуваме на второто место затоа што не се подобри од нас на ниту една позиција на терен. Затоа со нетрпение го чекаме мечот, со огромна мотивација одиме на победа. Утре ни треба поддршка на стадион само од оние навивачи кои се позитивни и кои веруваат во оваа репрезентација. Не ни требаат негативци, затоа не е важно дали ќе се 15.000 или 30.000, но единствено оние кои вистински веруваат во нас и ќе ни дадат безрезервна поддршка“, истакна Горан Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
