
„Гранде Мачедоне“ се вбојува меѓу најдолговечните странци во Серија А, ја освои Лигата на шампионите со Интер, постигнувал голови против Икер Касилјас, Џанлуиџи Буфон, но најдраг му е секако погодокот штпо ја одведе Македонија на Европско првенство, против Грузија во Тбилиси.
Тој се навраќа и на настапите на Македонија во минатото, имаше и лоши мигови, токму затоа еднаш и замина од репрезентацијата, а се врати по разговорот со Игор Ангеловски.
„Голот против Грузија е мојот најдраг во кариерата затоа што со него се пласиравме на Европско првенство. Во дваесет години колку што играм за Македонија се случуваа многу лоши работи и сум минал низ многу проблеми. Затоа еднаш и заминав селекцијата, но откако Ангеловски ми го претстави својот проект, без размислување решив да се вратам“, вели Горан Пандев.
Тој вели дека Македонија има што да каже и на ЕП. Можеби Холандија, Австрија и Украина се фаворити, но Македонија сигурно нема да се предаде лесно на ниеден меч.
„Холандија, Украина и Австрија имаат предност во нашата група. Но, кога не сте оптоварени и нема што да изгубите, тогаш може да одиграте најдобро и да направите најмногу. Се надевам дека ќе изненадиме некоја селекција, дека ќе освоиме некој бод и ќе се пласираме на добра позиција во групата Ц “, истакнува капитенот на националниот тим.
Пандев очекува Италија да се врати на голема врата во европскиот репрезентативен фудбал, а Франција, Германија, Белгија и Португалија ги посочува како главни фаворити за освојување на титулата на ЕВРО 2020.
„Играм во Италија и знам дека таа се врати на големата сцена со млада и многу квалитетна репрезентација. Франција и Германија се постојано фаворити. Мислам дека Португалија и Холандија се одлични репрезентации кои ќе се борат за освојување на европската титула. Белгија е исто така меѓу најдобрите. Тие играат заедно многу години и можеби се главниот фаворит за освојување на Европското првенство. Исто така и Хрватска може да игра голема улога. Но, таму има одредена смена на генерации и мислам дека нема да ѝ биде лесно да го повтори успехот од Светското првенство. Би сакал повеќе селекции од регионот да играа на Европското првенство“, вели Горан Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
