
Најдобриот македонски фудбалер во 20.век Дарко Панчев ги коментираше успесите на екс-ју фудбалот во квалификациите за СП 2022 во Катар. Србија и Хрватска се пласираа на мундијалот во Катар, а Македонија за првпат обезбеди пласман во баражот за СП.
„Вчера беше ден за уживање во екс-ју фудбалот. Се започна со Хрватска, која имаше тежок натпревар, но успеа да избори пласман на Светското првенство. Потоа Македонија го постигна најголемиот успех во квалификациите и обезбеди пласман во баражот за СП, а шлаг на тортата беше пласманот на Србија на мундијалот. Сега Србија конечно го покажа вистинското лице. Да се победи Португалија на гости не е мала работа. Пикси беше еден од најголемите фудбалери во светот, сигурно дека знае како треба да се остваруваат успеси“, изјави Дарко Панчев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
