Connect with us

Тотенхем сака да го откупи Палиња

Португалскиот играч од средниот ред Жоао Палиња ја започна одлично сезоната во Тотенхем. Тој постигна два гола на осум натпревари и се наметна како стартер кај Томас Франк по својот трансфер од Баерн Минхен летово.

Дефанзивниот играч за врска е на позајмица во Тотенхем, а многу е веројатно да остане трајно во тимот, пишува „Билд“. И менаџерот на Тотенхем и Палиња сакаат договорот со баварците да стане постојан.

Во договорот меѓу двата клуба постои опција за откуп, која изнесува околу 30 милиони евра.

Палиња пристигна во Баерн во летото 2024 година, но не успеа да се наметне во тимот и затоа беше испратен на позајмица во Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови