Ѕвездата на Челси, Кол Палмер, ќе биде надвор од терените околу три недели. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти натпреварите против Брајтон и Ливерпул во Премиер-лигата, како и дуелот со Бенфика во Лигата на шампионите, до паузата за репрезентации на почетокот на октомври.
„Одлучивме да го заштитиме Кол и да не ја влошиме повредата. Ќе има одмор од 2-3 недели до паузата за репрезентации, за да се врати целосно и подготвен по паузата. Не мислам дека ќе му биде потребна операција“, изјави менаџерот на Челси, Енцо Мареска.
Италијанскиот стратег додаде дека и Тосин Адарабиојо и Весли Фофана се повредени и ќе го пропуштат утрешниот дуел со Брајтон, додека голманот Роберт Санчез е суспендиран.
„Роберт имаше одличен период. На крајот на минатата сезона и на почетокот на оваа беше фантастичен. Направи грешка против Манчестер Јунајтед и знае за тоа. Како менаџер, многу пати сум кажувал дека кога еден голман или еден играч од средината на теренот згреши, нема разлика“, додаде Мареска.
„Се обидуваме да правиме ротации поради бројот на натпревари, но понекогаш тоа е невозможно поради недостиг на играчи. Во моментов имаме седум или осум повредени фудбалери. Дали ова е последица од минатата сезона? Не знам“, заклучи тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Маскерано поднесе оставка во Интер Мајами
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













