
Бразилскиот играч од средниот ред Лукас Пакета се запиша меѓу стрелците во победата на неговата репрезентација со 4-1 над Јужна Кореја во осминафиналето на Светското првенство. Тоа беше негов деби гол на мундијалите, а по натпреварот изјави дека неговиот тим се забавувал на теренот.
„Одигравме одличен натпревар и решивме сè веќе во првото полувреме. Тоа ни даде мир дека го добивме резултатот што ни требаше. Јужна Кореја е добар тим и не беше случајно што стигнаа до оваа фаза. Знаевме дека ќе биде тешко за нас. Се обидовме да ја задржиме топката подалеку од Алисон, но кога тој мораше, направи одлични одбрани. Сега треба да се одмориме и да се подготвиме за следниот натпревар“, изјави Пакета.
„Уште пред натпреварот селекторот вети дека ќе го научи или „гулабот“ или мојот танц и ќе слави со нас кога ќе постигнеме гол. Среќни сме затоа што ни дава самодоверба да ја играме нашата игра и да се чувствуваме среќни. Главната карактеристика на нашиот тим е тоа што сите си помагаме. Сите играат во напад и сите играат во одбрана. Одбраната започнува со Ришарлисон, а нападите започнуваат со Маркињос и со Тијаго Силва“, истакна офанзивецот на Бразил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Евро-фудбал
Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Евро-фудбал
Николас Џексон го засили Баерн Минхен

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
