Connect with us

Падна договор: Вања Милинковиќ-Савиќ ќе застане на голот на Наполи

Српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ се договори за трансфер во Наполи, а се очекува во наредните денови и официјално да биде претставен како ново засилување на италијанскиот првак.

Преговорите помеѓу Торино и Наполи влегуваат во финална фаза и наскоро ќе биде постигнат целосен договор.

Во зделката е вклучен и Сирил Нгонг, кој би требало да се пресели во Торино. Се работи за позајмица вредна еден милион евра, со откупна клаузула наредното лето во висина од 11 милиони. Засега не е јасно дали двата трансфера се поврзани, но сигурно е дека Вања Милинковиќ-Савиќ во наредниот период ќе замине на лекарски прегледи во Неапол.

Иако претходно беше поврзуван со неколку клубови од Премиер – лигата, 27-годишниот голман реши да остане на Апенините и да се приклучи на екипа што ќе се бори за титулата во Серија А и ќе настапува во Лигата на шампионите.

Во текот на кариерата во Италија, Вања бранеше за Торино, Асколи и СПАЛ, додека беше и на позајмица во белгискиот Стандард и полскиот тим Лехија Гдањск. Своите први чекори ги направи во Војводина, по што мина низ академијата на Манчестер Јунајтед, каде не доби вистинска шанса.

Со трансферот во Наполи, Милинковиќ-Савиќ добива шанса за најголем предизвик досега – борба за врвот во Италија и настап во елитното европско натпреварување. Без сомнение, ова е трансфер што може да ја дефинира неговата кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови