Connect with us

Опоравувањето на Нејмар може да трае и до 12 месеци

Бразилската ѕвезда Нејмар денеска е опериран во клиника во Бело Хоризонте, а опоравувањето на напаѓачот се очекува да биде до 12 месеци. Најверојатно нема да може да учествува на Копа Америка која следното лето ќе се одржи во САД.


Интервенцијата опфати операција на предниот вкрстен лигамент и менискусот на неговото колено, а ја изведе лекарот на репрезентацијата на Бразил, Родриго Ласмар и траеше четири часа, пренесува „Глобо“.


Се очекува Нејмар да биде пуштен од болница во сабота.


Нејмар (31) заработи повреда на левото колено на натпреварот на Бразил против Уругвај на 17 октомври. Ова е уште една тешка повреда за репрезентативецот на Бразил. Во март, неговата сезона во Пари Сен Жермен заврши поради операција на десниот зглоб.


Во летниот преоден рок тој се пресели во Ал-Хилал во Саудиска Арабија. Нејмар играше на пет натпревари и постигна еден гол за својот нов клуб пред да заврши неговата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови