
Поранешниот капитен на Милан, Франко Барези, бил подложен на операција на белите дробови за отстранување на белодробен јазол, соопштија од редовите на „росонерите“. Од клубот додаваат дека 65-годишниот поранешен дефанзивец закрепнува добро и е во стабилна состојба.
Барези се смета за една од иконите на Милан, откако ја мина целата своја 20-годишна кариера на „Сан Сиро“. Последните 15 години од неа беше капитен на тимот, пред да се повлече во 1997 година.
Во 1982 година ја освои светската титула со Италија, иако не одигра ниту една минута. Во 1994 година, на Светското првенство во САД, беше капитен и настапи во финалето против Бразил, каде што промаши една од пеналите, по што „аѕурите“ го загубија натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Салиба останува во Арсенал до 2030 година
