Connect with us

Онана не задоволи, Манчестер Јунајтед купува нов голман за 75 милиони евра

Андре Онана летово од Ајакс пристигна во Манчестер Јунајтед за 50 милиони евра. Тимот предводен од холандскиот стручњак Ерик тен Хаг го доби Онана како скапа опција за прв голман по заминувањето на Давид де Хеа, но Камерунецот не се покажа како најдобро решение.


Според тоа, Јунајтед веќе реши да бара друго решение на пазарот. Португалскиот весник „А Бола“ пишува дека Јунајтед веќе во јануари би можел да го доведе португалскиот репрезентативен голман Диого Коста од Порто.

Коста беше баран и во летото, но факт е дека Тен Хаг како поранешен тренер на Ајакс одлично го познава Онана.
Коста има откупна клаузула во висина од 75 милиони евра, а Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати таа сума за да го пресели на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови