Олимпик Марсеј отвори дисциплински постапки против двајца свои фудбалери, Адриен Рабио и Џонатан Роу. Според „RMC Sport“, двајцата едвај биле раздвоени од соиграчите и персоналот на клубот по поразот од 0-1 против Рен, при што дошло дури и до меѓусебни закани.
Инцидентот ја натерал управата на клубот да реагира брзо, па двајцата играчи се привремено исклучени од првиот тим.
Рабио побарал да си замине поради санкцијата која ја доби за судирот со Џонатан Роу. Францускиот репрезентативец јасно ставил до знаење дека повеќе не сака да игра за Олимпик Марсеј и инсистира да замине до крајот на трансферниот прозорец.
Иднината на Роу исто така е неизвесна. Можно е и англискиот младински репрезентативец да си замине од „Велодром“, а за него веќе има интерес од Болоња и од Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













