Оли Воткинс е подготвен да ја „пополни празнината” во нападот на Манчестер Јунајтед, доколку клубот не успее да ја доведе својата примарана трансферна цел, Бењамин Шешко, пренесуваат британските медиуми.
По неуспешните обиди за ангажман на играчи како Лијам Делап, Виктор Ѓокереш, Хуго Екитике и Виктор Осимен, вниманието на „црвените ѓаволи“ сега е насочено кон ѕвездата на Лајпциг, Бењамин Шешко. Сепак, конкуренцијата за потписот на словенечкиот напаѓач е жестока, особено од страна на Њукасл, кој исто така сериозно е заинтересиран.
Според извори од Германија, скептицизмот дека Манчестер Јунајтед ќе успее да го победи Њукасл во оваа трансфер-трка расте, особено со оглед на високата откупна клаузула на Шешко.
Во меѓувреме, Воткинс се гледа како поисплатлива алтернатива.
Британските медиуми тврдат дека Астон Вила би прифатила понуда во рамките од 40 до 50 милиони фунти за 29-годишниот напаѓач.
Воткинс, кој во изминатите пет сезони постигна 87 голови за Астон Вила, смета дека е дојдено време за нов предизвик и е ентузијастички расположен за потенцијален трансфер на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













