Connect with us

Огромно изненадување: Нов тренер на Барса ќе биде – Жорди Кројф

Роналд Куман тешко ќе остане на клупата на Барселона откако синоќа беа загубени речиси сите шанси за освојување на титулата по ремито со Леванте (3-3). Холанѓанецот има договор за уште една сезона, но тој беше решение на Бартомеу и беше свесен дека промената на претседателската позиција ќе ја доведе во прашање и неговата работа.


Иако Лапорта првично го поддржуваше, одбивајќи да го ангажира Депај и инсистираше на Кун Агуеро, клубот покажа дека тој размислува во друга насока.

Кој ќе биде нов тренер на Барселона? Од Каталонија доаѓа изненанадувачка вест – Жорди Кројф.

Можеби ова изгледа како изненадување, но Холанѓанецот ќе биде дел од тимот на Лапорта, се зборуваше за позицијата директор, а тренерот на кинескииот Шенжен наводно се согласил да седне на клупата на Барселона.

Жорди Кројф играше за Барса, секако дека неговата предност е познатото име. Работел во Кипар, Израел, Кина, кратко време беше селектор на Еквадор, а потоа се врати во Кина. Нема многу импресивно „си-ви“, но тој има 47 години и има многу фанови во клубот и меѓу навивачите.

Реално, Барселона има многу малку квалитетни опции. Гвардиола сигурно нема да се врати, а Чави го продолжи договорот во Катар. За некои други решенија, Барселона во моментот нема пари, а ставот на луѓето во клубот е дека треба да биде некој што добро ја познава околината во која доаѓа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови