Connect with us

Одлуката за продажба на акциите на Пелистер одложена за в петок

Македонскиот прволигаш Пелистер чека разрешница околу продажбата на акциите на британската фирма која има намера да откупи 75% и да го преземе мнозинскиот пакет за управување, но општина Битола одлучи да побара дополнителни гаранции од неа. Во наредните три дена ќе треба подетално да бидат образложени намерите на британскиот фонд кој како бренд – промотор во Македонија го има Артим Шаќири. Близок со компанијата е и Бруно Пресилски, поранешен истакнат фудбалер на Пелистер, кој е дел од структурите на клубот.

Во меѓувреме, Пелистер веќе доцни со почетокот на летните подготовки, а најголем дел од фудбалерите од минатата сезона заминаа од Битола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови