Без предност Македонија ЃП и Академија Пандев ќе стартуваат во второто полувреме од финалето во Купот на Македонија, по оние 1-1 од првите 45 минути.
Финалето почна мирно со привидна иницијатива на Македонија ЃП. Сепак, првиот обид беше на страната на фудбалерите на Академија Пандев во 8. минута кога Миловановиќ се обиде со шут од далечина, но непрецизно.
Но, тоа што не му успеа на Миловановиќ му успеа на капитенот Сашко Пандев. Во 10. минута носи предност за „пандевци“ со феноменален гол со шут од 25 метри стрелајќи под гредата од голот на скопјани.
Потоа повторно мирен период без шанси на двете страни, се до 21. минута кога следеше уште една атракција. Овој пат Бразилецот Робсон Да Силва директно од слободен удар од 18 метри одлично шутираше за израмнување на 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













