Connect with us

Обложувалниците ги одредија фаворитите за освојување на трофејот во ЛШ, Интер е најголем аутсајдер

Синоќа заврши четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите и сега се познати четирите клуба кои ќе се борат за место во големото финале, закажано за 31 мај на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен. Полуфиналните двојки се: Барселона – Интер и Арсенал – Пари Сен Жермен.

Според најновите коефициенти и анализи од водечки британски обложувалници и аналитички модели, најголем фаворит за освојување на титулата е Барселона.

Коефициенти за освојување на Лигата на шампионите:

  • Барселона: 2.00
  • ПСЖ: 2.25
  • Арсенал: 3.30
  • Интер: 6.00

Според аналитичките модели на Opta, Oddschecker и Sports Betting Dime, Барселона е прв фаворит, со веројатност за освојување на титулата од 27.4%, и коефициенти кои се движат меѓу 2.00 и 3.01.

ПСЖ е веднаш зад нив, со шанси од 25.7% и коефициенти од 2.25 до 3.34. Арсенал има нешто помали шанси (24.3%) со коефициенти меѓу 3.33 и 6.94, додека Интер е најголем аутсајдер, со шанси од 16.6% и коефициенти кои достигнуваат и до 10.06.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на следниов распоред:

  • Арсенал – ПСЖ: 29 април
  • Барселона – Интер: 30 април

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови