Атлетико Мадрид блесна во вистински момент и пред своите навивачи го совлада големиот ривал Реал Мадрид со убедливи 5-2, во дербито на шпанската престолнина. За избраниците на Диего Симеоне ова беше втора победа по ред, додека „кралевите“ ја прекинаа серијата од шест последовни триумфи и го запишаа првиот пораз сезонава.
Дуелот започна во жесток ритам, со четири погодоци во првиот дел. Ле Норман донесе водство за Атлетико во 15. минута, но Реал брзо се врати во игра – Арда Ѓулер најпрво асистираше до Мбапе за израмнување, а потоа и самиот реализираше за пресврт на 1-2. Сепак, радоста на гостите траеше кратко, бидејќи во продолжението на првото полувреме Сорлот со удар со глава израмни на 2-2.
Во второто полувреме Атлетико ја презеде контролата. Алварез со прецизен слободен удар во 64. минута донесе 4-2, а во самиот финиш резервистот Антоан Гризман со ефектен погодок стави печат на големата победа – 5-2 за „јорганџиите“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













