
Шпанија драматично ја доби четвртфиналната пресметка со Германија на ЕП 2024. „Црвената фурија“ победи со 2-1 со гол во финишот на судиското продолжение.
Ситуацијата, која долго ќе се коментира, сепак, беше при недосудениот пенал на судијата Ентони Тејлор во корист на Германија за играње со рака на Марк Кукуреља.
Аналитичарот на „ЕСПН“, Дејл Џонсон, објасни зошто одлуката на англискиот судија била правилна, бидејќи тој строго ги следел упатствата на УЕФА пред почетокот на турнирот.
„На брифингот пред турнирот, УЕФА им даде јасни инструкции на судиите кога да досудат пенали за игра со рака, објаснувајќи зошто не треба да се досуди пенал во ситуации како онаа со Марк Кукуреља. Кога раката е блиску до телото и поставена надолу вертикално, а таа е зад телото, тоа не е пенал“, истакна Џонсон.
Тој објасни и зошто на натпреварот меѓу Германија и Данска (2-0) беше досуден удар од 11 метри за Германија за играњето со рака на Јоаким Андерсен.
„Во УЕФА веруваат дека во оваа ситуација раката е бариера. Разбирливо е зошто навивачите мислат дека двете ситуации се различно толкувани, но вистината е дека судиите точно ги следеа упатствата што им беа дадени“, додаде аналитичарот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дани Алвеш ослободен од обвинението за силување

Евро-фудбал
Дани Олмо ќе паузира најмалку две седмици
