Connect with us

Њукасл понуди 90 милиони евра за Шешко, на ред е Манчестер Јунајтед…

Њукасл ја зголеми уште еднаш понудата за Бењамин Шешко. Според информации на „Атлетик“, англискиот премиерлигаш понудил 90 милиони евра за напаѓачот на РБ Лајпциг. Сè уште не е познато дали германскиот клуб ќе ги прифати овие услови.

Раководството на Њукасл понудило фиксен износ од 80 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони евра како бонуси. Претходно, Лајпциг ја одби нивната понуда од 75 милиони евра плус 5 милиони бонуси.

Интерес за словенечкиот фудбалер покажува и Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ сè уште не поднеле официјална понуда. Таква ќе биде испратена само ако самиот играч изрази желба да се пресели на „Олд Трафорд“.

Во минатата сезона во Бундес-лигата, Бењамин Шешко настапи на 33 натпревари и постигна 13 голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови