Анте Ребиќ (31) наскоро ќе стане нов фудбалер на Хајдук. Тој ја прифатил понудата на сплитскиот клуб според која ќе заработува 450.000 евра годишно, со можност за бонус во случај на освојување на титула. Ќе потпише двегодишен договор.
Ребиќ и претходно беше поврзуван со трансфер на „Пољуд“, но ова лето ситуацијата стана посериозна од кога било. Тој доаѓа без обештетување, бидејќи од 30 јуни е слободен играч по истекот на договорот со италијанскиот Лече. Минатата сезона одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, но на теренот помина само 844 минути и постигна еден гол – во ремито против Јувентус.
Иако во минатото беше познат по својата енергија и борбеност, последните две сезони беа одбележани со пад во формата и дисциплински проблеми. Во Бешикташ беше исфрлен од тимот поради нарушување на дисциплината и создавање немир во соблекувалната. Сепак, неговиот квалитет и искуство не се доведуваат во прашање.
Во текот на летото 2024 година кружеа интензивни гласини за негов враќање во Хајдук, што предизвика голем интерес во сплитската и пошироката фудбалска јавност. По раскинот со Бешикташ, Ребиќ беше слободен играч и бараше нов клуб за продолжување на кариерата.
Хајдук тогаш остана без Иван Перишиќ и бараше засилување на крилните позиции, при што Ребиќ се појави како едно од најзвучните имиња на пазарот. Преговорите меѓу двете страни беа сериозни и конкретни, а желбата за соработка беше взаемна. Иако неговото пристигнување тогаш беше најавувано како можен трансфер на летото, реализацијата тогаш не се случи.
Ребиќ ја започна својата кариера во РНК Сплит, а уште како тинејџер беше продаден во Фиорентина за 4,5 милиони евра. Потоа следеа епизоди во Лајпциг, Верона, Ајнтрахт Франкфурт, Милан, Бешикташ и Лече. Во странство помина 11 години.
За хрватската репрезентација одигра 42 натпревари, но беше исфрлен поради јавно критикување на селекторот Златко Далиќ по Европското првенство во 2021 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













