Connect with us

Нов удар за Реал: Милитао ќе отсуствува најмалку три месеци

Новата повреда на Едер Милитао повторно се покажа како сериозна. Од клубот објавија дека Бразилецот има скинат мускул на левата нога. Според шпанските медиуми, ова ќе го остави Милитао надвор од терените меѓу три и четири месеци, а поверојатно е дека ќе се врати во април 2026 година.

Бразилецот беше заменет уште во 24. минута од вчерашниот дуел со Селта, напуштајќи го теренот поддржан од двајца членови на медицинскиот тим на „кралевите“. Ова е трета повреда за Милитао само од почетокот на сезоната, а во последните две години тој двапати ги кинеше врстените лигаменти, поради што пропушти поголем дел од тие сезони.

Пред неколку дена стана јасно дека и друг дефанзивец на Реал, Трент Александер-Арнолд, ќе отсуствува најмалку два месеца поради повреда. Алонсо не може да смета ниту на Карвахал, Хаусен, Алаба и Менди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови