
Реал Мадрид го тресе сериозна резултатска криза, а се чини дека неволјите никако да завршат. Најновата вест е дека српскиот интернационалец Лука Јовиќ можеби ќе мора да одлежи шестмесечна затворска казна поради прекршување на правилото за изолација поради пандемијата од коронавирусот во својата држава.
Тој имал решение од Институтот за јавно здравје дека мора да остане во изолација затоа што пристигнал од Шпанија која е прогласена за ризично подрачје, но ја прекршил забраната и бил „уловен“ од полициските сили.
Јавното обвинителство по службена должност го води овој случај, а на Лука Јовиќ му се заканува казна затвор од шест месеци. Србинот доби шанса за настап во дресот на Реал Мадрид како стартер на дуелот против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите, но не одушеви со играта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
