Левиот бек на Интер, Федерико Димарко, има истегнување на десниот бутен мускул, објавија од клубот по денешните медицински прегледи на играчот. Тој ќе мора да паузира во наредните три седмици.
Димарко ја заработи повредата за време на саботниот дуел со Наполи, кој заврши 1-1. Тој му донесе водство на својот тим со перфектно изведен слободен удар во првото полувреме, но на почетокот од вториот дел беше принудно заменет.
Според италијанските медиуми, 27-годишниот фудбалер ќе биде надвор од терените околу три недели, што значи дека ќе се врати по репрезентативната пауза. Така, тој ќе ги пропушти двата натпревари со Феенорд во Лигата на шампионите, како и дуелите со Монца и Аталанта во Серија А, но и натпреварот на Италија против Германија во Лигата на нации А.
Се очекува да биде подготвен за средбата со Удинезе во Серија А на 30 март.
Во оваа сезона, Димарко има одиграно вкупно 33 натпревари со четири гола и шест асистенции во сите натпреварувања, при што е една од клучните фигури во тимот на Симоне Инзаги. Неговата повреда дополнително ја отежнува ситуацијата во Интер, имајќи ги во предвид повредите на Карлос Аугусто, Никола Залевски и Матео Дармијан, во моментов единствениот здрав бек во тимот е Дензел Дамфрис, кој игра на десната страна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер убедливо го порази Комо (ВИДЕО)













