
Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, е последниот во низата од тимот на Карло Анчелоти чиј настап е неизвесен на мечот против Пари Сен Жермен. Германецот ќе биде во трка со времето и неизвесно е дали ќе успее да биде фит за пет дена.
Играчот за врска на „кралскиот клуб“ денеска не тренираше и сигурно ќе го пропушти дуелот против Реал Сосиедад во текот на викендот, а во овој момент не може прецизно да се каже дали ќе биде на теренот во вторник.
Карло Анчелоти поради суспензијата сигурно нема да може да смета на Кашемиро и на Ферлан Менди, додека во случајот со Давид Алаба се уште е неизвесно дали ќе биде максимално подготвен.
Реал Мадрид во вторник брка еден гол негатива од првиот меч во Париз. Без Кашемиро и без Крос на средината на теренот, шансите на Реал Мадрид би боиле значително намалени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
