
Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, ќе потпише нов долгорочен договор со клубот. Според британските медиуми, сѐ е веќе разјаснето и новиот договор ќе биде за период од четири години.
Актуелниот договор требаше да истече во летото 2024 година, а интересно беше продолжен минатиот декември кога клубот ја активираше опцијата за дополнителни 12 месеци.
Новиот договор е некаква награда за одличните настапи на 27-годишниот англиски репрезентативец во првата сезона на Ерик тен Хаг на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот ќе продолжи да се потпира на Шо и во иднина, иако токму тој го донесе Тајрел Маласија минатото лето.
Лук Шо оваа сезона забележа 35 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
