Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години загуби со убедливи 6-2 од соодветната селекција на Норвешка во натпревар од второто коло на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, видовме возбудлив натпревар со отворена игра на двете страни и осум постигнати погодоци. Селекцијата на Норвешка одигра извонреден натпревар, во кој уште од четвртата минута играше со играч помалку и успеа да слави убедлива победа.
Избраниците на селекторот Неџат Шабани одлично го отворија мечот. Рано уште во шестата минута успеаја да поведат со 1-0. Извонреден гол од слободен удар постигна Шабан Зенку.
Противникот брзо ги консолидираше своите редови, наметна своја игра и темпо и во периодот од 10. до 16. минута успеа да постигне два гола преку Нуса и Ароен за предност од 2-1.
Трајков во 20. минута успеа да го израмни резултатот, но Норвежаните до крајот на првото полувреме постигнаа уште два гола. Нуса со својот втор гол во 32. минута ја донесе Норвешка повторно во предност, а Ароен погоди за 4-2.
Во продолжението, репрезентацијата на Норвешка постигна уште два гола со што ја потврди убедливата победа на денешната средба. Енг во 57. минута стрелаше за предност од 5-2. Шестиот погодок за Норвешка беше дело на Ѓенгаар во 70. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













