Иднината на Ерлинг Халанд нема да биде во Баерн Минхен, потврди легендата и идниот извршен директор на клубот, Оливер Кан. Халанд се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во Европа откако се приклучи на Борусија Дортмунд во јануари 2020 година, а како резултат на тоа, ќе привлекува внимание од голем број клубови во летниот преоден рок.
Баерн беше меѓу оние што се поврзува со Норвежанецот, но Кан тврди дека сегашната финансиска ситуација нема да дозволи таков траснфер. “Извинете, но тој што зборувал за доведување на Халанд, не ја разбира ситуацијата”, изјави новиот член на раководството Баерн, кој ќе го наследи Карл-Хајнц Румениге како извршен директор подоцна оваа година.
“Трансфер од над 100 милиони евра е незамислив за Баерн во моментов. Го имаме Роберт Левандовски, кој има уште две години од својот договор и може да го задржи ова ниво уште неколку години. Поради тоа, сега не треба да размислуваме Халанд”, рече поранешниот голман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal