Голманот на Челси, Едуард Менди, вчера беше прогласен за играч на натпреварот на „Олд Трафорд“ на дербито против Манчестер Јунајтед. Тој го спаси својот тим од пораз со неколку фантастични интервенции од кои најмаркантни беа одбраните по упатените шутеви на Маркус Рашфорд.
28-годишниот чувар на мрежата, одушевен што беше избран за играч на натпреварот, упати порака до најмладите.
„Би сакал на сите кои го сакаат фудбалот, до оние најмладите кои се сега на почетоците и вредно тренираат, да им порачам никогаш да не се откажуваат. Јас бев на работ да се откажам пред шест години. Бранев во петтата лига во Франција, бев гладен речиси секој ден, но нешто во мене ми велеше да продолжам. Сега го бранам голот на Челси и играв на легендарниот „Олд Трафорд“. Никогаш не знаете што има животот смислено за вас“, изјави Едуард Менди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal