Македонскиот прволигаш Шкендија се засили со дефанзивниот играч од средниот ред, Ибрахим Алхасан Адаму. 23-годишниот фудбалер од Нигерија успешно ги помина медицинските прегледи и потпиша двегодишен договор. Алхасан добро го познава македонскиот шампионат со оглед дека минатата сезона настапуваше за Гостивар.
„Начинот на кој ме пречекаа во клубот ме направи навистина горд. Бев многу среќен кога ја видов понудата од Шкендија, затоа што знам и го сакам стилот на тимот, ми се допаѓа сè околу тимот, начинот на кој играат, изгледаат многу професионално и затоа решив да бидам дел од овој клуб“, изјави Ибрахим Алхасан Адаму откако го стави својот потпис на двегодишниот договор.
Ибрахим Алхасан Адаму минатата сезона беше еден од најстандардните играчи во Гостивар, додека во нашиот шампионат дојде по искуствата во Турција со Анкара Кечиоренгучу, Менеменспор и Алтај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













