
Македонските фудбалски прволигаши се незадоволни од делењето на правдата во првите девет кола од шампионатот во елитната дивизија. Најголем дел излегоа со соопштенија во изминатиот период дека судиите со необјективни одлуки директно влијаат на епилогот на натпреварите.
Кулминацијата е достигната во последното коло по кое Вардар се жали за недосудени пенали против Шкендија, а Работнички на нерегуларен победнички гол за Силекс на дуелот во Кратово.
Незадоволството е огромно, па затоа е закажана средба на Одборот на прволигашите со првите луѓе на Судиската организација и на Натпреварувачката комисија при ФФМ. Претставниците на клубовите в четврток во 13 часот ќе имаат можност директно да ги кажат забелешките и да побараат да бидат преземени конкретни мерки за подобрување на судењето пред Емил Божиновски и Игор Франговски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
