
Ромелу Лукаку би можел да го напушти Челси по само една година. Италијанските медиуми денеска лансираа „бомба“ дека Лукаку прави се за да се врати во Интер.
Лукаку е подготвен на радикално намалување на платата, за да му помогне на Интер да го врати во Милано. Интересно, летово го направи спротивното, понудата на Интер не му беше доволна и затоа инсистираше на трансфер во Челси.
„Газета дело спорт“ пишува дека Интер не е единствениот кој ќе се обиде да го доведе Лукаку. Во игра ќе биде и Тотенхем, но под услов Антонио Конте да остане во клубот, кој од синоќа е на тенок мраз, по најновиот пораз на тимот.
Лукаку остана на клупата против Лил, претходно имаше седум контакти со топката на мечот со Кристал Палас, а евидентно е дека системот на Тухел воопшто не му одговара.
Белгиецот е платен дури 115 милиони евра, заработувајќи дури 12 милиони евра по сезона, што е недостижно за Интер. Италијанците тешко ќе можат да ги исполнат барањата на Челси, дури и ако Лукаку прифати двојно помала плата од Лондон.
Од друга страна, можеби олеснителна околност ќе биде тоа што и Челси ќе сака да го продаде и да доведе нов напаѓач.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем се вклучува во трката за Родриго

Прва лига
Љамалари ја засили одбраната на Шкупи

Евро-фудбал
Караламбус: Голманот нѐ спаси од поубедлив пораз
