Connect with us

Неверојатна ситуација во Серија А – офсајд кој не може да се забележи со „голо око“ (ВИДЕО)

Венеција оствари победа од 2-1 против Калјари, но натпреварот беше обележан со еден од најконтроверзните моменти оваа сезона во Серија А, кога голот на Гаетано Ористанио беше поништен поради офсајд кој не можеше да се забележи со голо око.

Инцидентот се случи во второто полувреме при водство од 1-0 за Венеција. Ористанио успеа да ја затресе мрежата на гостите, но по деталната анализа со помош на ВАР и полуавтоматската офсајд технологија, беше откриено дека Жоел Похјанпало, кој асистираше, бил во минимален офсајд. Петицата од неговата копачка била зад линијата на последниот дефанзивец на Калјари.

Иако „замрзнатиот“ кадар го потврди офсајдот, вакви ситуации ја нагласуваат важноста и контроверзноста на технологијата во модерниот фудбал, бидејќи грешката беше невидлива со човечко око.

За среќа на Венеција, дефанзивецот Марин Шверко постигна втор гол, со што обезбеди победа за својот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови